Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заев на лидерскиот состанок организиран од Светскиот економски форум во Женева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
08112019_PVRSM_Zaev_svetski_ekonomski_forum_Zheneva

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, присуствува на состанокот што го организира Светскиот економски форум во Женева, на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.

— реклама —

На работната сесија што е во тек се лидери на државите од Западен Балкан, но и пошироко од регионот, претставници на Европската комисија, на организации од Европа, како и од организаторот, Светски економски форум.

— реклама —

Целта на состанокот е во функција на зајакнување на економската соработка помеѓу државите од регионот, процес што е во тек и се интензивира. Експертските искуства и поддршката од Светскиот економски форум се посебно значајни во услови на потребата од иновации, од вложувања во човечкиот потенцијал во земјите од Западен Балкан, од поттикнување на

— реклама —

компетитивноста на домашните компании, во функција на регионалниот развој.

— реклама —

Во фокусот на дискусиите на работната сесија, според најавеното, се економската но и политичката клима во Европа, односно предизвиците и можностите на политички и економски план, со цел развој на државите од Западен Балкан во духот на позитивна агенда за иднината на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања