„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: „На прав пат сме, изградивме уникатно општество и стабилна држава“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
08092019_PVRSM_Zaev_na_cestvuvanjeto_na_8mi_Septemvri_Shkolka_4

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, денеска беше организирана програма за чествување на 8 септември – Ден на независноста, кое оваа година се одржа под слоганот „Боите на независноста“.

— реклама —

Програмата, која започна со оддавање почит на делото на починатите претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, продолжи во Градскиот парк, со пригодна музичко-забавна програма и со презентација на услугите и мерките на повеќе министерства и агенции од интерес на граѓаните.

На централната свеченост по повод одбележувањето на 8 септември – Ден на независноста, пред присутните гости и граѓани, свое обраќање имаше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

— реклама —

„На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина, треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, боите на независноста и на слободата. Тоа се боите кои Социјалистичка Република Македонија ја прогласија за независна Република Македонија, нашата татковина која денес го носи името Република Северна Македонија, земја која станува членка на НАТО и се интегрира во Европската Унија. Тоа е нашата земја, нашата убавина од различности. Оваа година ве поканивме заеднички да го прославиме овој голем празник, облечени во најубавите бои. Во боите што сами ќе ги изберете и гордо ги носите, затоа што мозаикот е целосен само ако секое камче, секој дел, посебно си го наоѓа своето место во тоа наше заедништво. Затоа градиме едно општество за сите, затоа секој е важен. И затоа секој е одговорен тој наш мозаик, нашата Република Северна Македонија, да зрачи со силна светлина и со својата целина, истакна Заев.

„Ја сум убеден и знам дека заедно со граѓаните остваривме, добар, достоинствен договор што го потврди нашиот идентитет и ја гарантира нашата иднина. Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Идентитет за севкупна употреба, признаен од сите. Јазикот се користи слободно секаде, во Обединетите Нации, НАТО, во Европската Унија, во сите официјални институции, активности и настани. Нашиот идентитет е потврден и зајакнат. Нашето државјанство е: македонско/граѓани на Северна Македонија. Тоа е потврда за нашиот идентитет и гаранција за нашата иднина. И денеска, и во секоја наредна и пригодна прилика упатувам благодарност и на сите наши сограѓани Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и на сите други етнички заедници, што покажаа другарско и братско разбирање. Таа поддршка, тоа разбирање за заштитениот македонски идентитет е од огромно значење за градењето едно општество. Овие мостови кои ги градиме денес се крвотокот на нашата меѓусебна доверба и на нашата заедничка иднина, рече премиерот и додаде:

„Државата јакне. Институциите стануваат посилни. Јас денеска можам со полна сигурност да кажам: Може да бидеме спокојни. Можеме да бидеме среќни. Може да се посветиме на градење на нашата иднина. Успеавме да го фатиме, веројатно, последниот воз што може да ја обезбеди нашата стабилна и просперитетна иднина. Но, наша должност е да ја обликуваме иднината на Северна  Македонија. Тоа е и наша одговорност која мора сите ние, секој од нас одделно да ја прифати. Затоа, од огромна важност е секој бизнисмен или земјоделец, како секое камче во мозаикот, да го најде своето место, да го препознае и да го даде својот придонес за еднаков пристап до пазар од 500 милиони потенцијални клиенти – Европскиот пазар. Не секогаш и не сѐ, зависи само од политичарите. Време е студентите да ги запознаат и шират перспективите за неограничени можности за патување и учење, за градење искуства и вештини кои ќе им создадат шанси за добро платена работа, тука во нашата земја. Повикувам младата генерација со уште поголем ентузијазам да се вклучи во дебатите за нашата иднина. На позитивен и, уште поважно, на оптимистички начин. Ги повикувам и жените, отворени се можностите, сите се еднакви во оваа наша убава земја – преземете иницијативи, државата ќе врати со уште повеќе отворени врати. Спремно ни е општеството за тоа, рече премиерот.

Честитки граѓани, честитки народе, изградивме уникатно општество, подигнавме стабилна држава, Нека е вечен Денот на независноста! Да живее Република Северна Македонија,заврши премиерот.

dzE-XMF0PYs

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања