Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Заев на прошталната средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_7550

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими во проштална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли.

Премиерот Заев на средбата ја изрази неговата лична, благодарноста на Владата на РСМ и на граѓаните на нашата земја за активниот придонес на амбасадорот Бејли за време на неговиот мандат, во еден исклучително значаен период кога поддршката на САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, беше од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ и НАТО.

— реклама —

Амбасадорот Бејли, од своја страна, истакна дека му е особено драго што за време на неговиот мандат, со решавање на спорот со Грција и со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија направи историски исчекор за кој беше неопходно покажаното лидерство на челните луѓе на владите на двете земји, што САД и Претседателот Трамп, го оценија како значаен придонес за постабилна и попросперитетна иднина на двете земји и за целиот регион.

На оваа проштална средба, Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, на амбасадорот Бејли му подари фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на сеќавање за извонредната соработка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања