Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Заев на средба со Ахмети по првите 100 дена од мандатот: Имаме стабилна Влада на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-ahmeti

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека се сретнал со коалицискиот партнер во Владата, лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кој направиле пресек на сработеното и остварените резултати по 100 дена од мандатот на Владата. Средбата, како што напиша Заев, се одржала во пресрет на денешниот состанок на широката владина коалиција.

— реклама —

– После 100 дена од мандатот на Владата правиме пресек на сработеното и остварените резултати на централната власт и на парламентарното мнозинство. Имаме Влада на граѓаните, стабилна, бидејќи се потпира на здрави вредности, на грижа за другиот, на разбирање и поддршка во тешки моменти. Имаме Влада која е сериозно посветена на правната држава, на економијата и на справувањето со пандемијата, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

— реклама —

Тој истакнува дека во пресрет на денешниот состанок на широката владина коалиција му искажал благодарност на Ахмети за поддршката во процесот на преговори со Бугарија.

— реклама —

-Во очи на денешниот состанок на широката владина коалиција, ми беше чест да му посакам добредојде во Владата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и да му искажам голема благодарност во мое лично име и во име на македонскиот народ за поддршката која ја дава во процесот на преговори меѓу Северна Македонија и Бугарија, наведува Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања