Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев на средба со директорот на GIZ, Оберхубер: Од нашата заедничка соработка очекуваме зајакнување на институционалните и економските капацитети на земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_5005

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) за Северна Македонија, Давид Оберхубер.

— реклама —

На средбата се разговараше за значењето на континуираната соработка и поддршка што нашата земја ги добива од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во процесите важни за јакнење на институционалните и економски капацитети на државата, како важен придонес во подигнување на стандардите и интензивирање на соработката со Сојузна Република Германија, којашто претставува земја - стратешки економски и политички партнер на Република Северна Македонија.

— реклама —

— реклама —

Во таа насока се зборуваше и за иницијативите и поддршката што Германија и ја пружа на нашата земја и преку експертизата на советникот Валтер Дефа, делегиран од Канцеларката Ангела Меркел во неколку клучни економски области, како што се координација на економските политики, балансиран регионален развој, енергетика и политики за климатски промени, а како најважна област на која во иднина ќе се посвети посебно внимание беше посочено подигнувањето на конкурентноста особено кај малите и средни претпријатија за нивно побрзо вклучување на меѓународните пазари.

— реклама —

„Најголемиот фокус на Владата е економијата. Нашата клучна определба е како држава да ги поддржиме сите процеси коишто значат подигнување на конкурентноста на приватниот сектор, преку низа мерки коишто ги спроведуваме низ Планот за економски раст и преку мерки за поддршка на раст на конкурентноста преку Министерството за економија. Вашата помош и експертиза за нас се многу значајни и очекуваме од соработката со советникот Дефа и Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) да постигнеме резултати кои ќе значат зајакнување на институционалните и економските капацитети на земјата“, рече премиерот Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања