Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев на средба со коалициски партнери: Поддршка за Договорот, вредностите и принципите за коалиција со ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
19.8-1

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски денеска се сретнаа со претседатели и претставници на партиите во коалицијата Можеме.

— реклама —
Од страна на коалициските партнери беше дадена целосна поддршка за Договорот за коалицирање со партијата ДУИ, како и вредностите и принципите кои произлегуваат од него, во насока на брза трансформација на државата.

Квалитетни, чесни, и одговорни кадри ќе бидат предложени од сите политички субјекти во коалицијата Можеме, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи на новата Влада.

— реклама —

Пред присутните, претседателот Заев ги претстави главните приоритети на новата Влада за следниот четиригодишен мандат.

— реклама —

- Новата Влада предводена од СДСМ главен фокус ќе стави на јакнење на економскиот стандард и уште поголема грижа за сите. Сериозно ќе се посветиме на реформи во јавната администрација и намалување на нејзиниот обем за 20 отсто. Истовремено, ќе се посветиме на прочистување на судството, проверка на имотот и капиталот на секој функционер и неселективна борба против корупцијата. Силно сме мотивирани на обезбедување чист воздух и здрава животна средина преку широка мобилизација на сите капацитети. Секако како еден од главните приоритети е и напредокот во евроинтегративниот процес преку почетокот на преговорите и отворањето на првите поглавја. За тоа да го реализираме потребни се чесни, одговорни и професионални кадри кои ќе раководат со институциите. Во овој период течат сериозни разговори со коалициските партнери за да се најдат најодговорните и најдобрите кадри за одредени ресори, со што секоја партија од оваа коалиција би дала свој удел во водењето на институциите во следните 4 години, истакна Заев.

— реклама —

Претседателот Заев им честиташе на коалиционите партнери за победата на изборите на 15 јули, посочувајќи дека со победата се потврди европскиот пат на државата, тоа ни дава чест и обврска да работиме уште повеќе на домашен план во следниот четиригодишен мандат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања