Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев на средба со Тимоние: Заедно со опозицијата ќе се посветиме на решението на законот за СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
08072019_PVRSM_Zaev_sredba_Timonie_2

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, имаше средба со амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристијан Тимоние.

— реклама —

На средбата е констатирано дека Франција е голем пријател на Македонија и дека искреното пријателство помага во демократските и интеграциските процеси на нашата држава.

— реклама —

Премиерот Заев информираше за споделената определба со францускиот премиер Едуар Филип во Познањ, Полска, да се интензивираат и билатералните односи меѓу двете земји, со унапредувања во повеќе области, меѓу коишто и економијата.

На состанокот со францускиот амбасадор е разговарано и за имплементацијата на потребните реформи и за важноста од покажување одговорност од страна на сите политички субјекти и општествени чинители, за прашањата од државен интерес.

— реклама —

„Силно сме посветени на практична имплементација на сите донесени закони и реформски чекори. Нашата определба како Влада е, во следниот период, заедно со опозицијата, уште пофокусирано да се посветиме на решението за Законот за јавно обвинителство. Ефикасно правосудство и борба против корупцијата се двете важни области за нашата држава, којашто е европски определена и очекува исчекор во октомври во делот на евроинтеграциите“, рече премиерот Заев.

— реклама —

Претседателот на Владата Заев, разговараше со францускиот амбасадор Тимоние и за економските чекори што ќе се преземат со цел зголемување на платите и пензиите и поголем економски раст, за граѓаните да почувствуваат скорешни директни бенефити во квалитетот на живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања