„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев на свеченоста на која се обрати премиерот Мицотакис на конференцијата на „Економист“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
08072021_PVRSM_Zaev_na-konferencijata-Ekonomist_4

Премиерот Зоран Заев присуствува на свечената гала вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

— реклама —

На гала вечерата присуствуваат министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, поранешниот француски премиер, Доминк Де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и бројни дипломати, бизнисмени, стопанственици.

Премиерот Заев утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ - 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.

— реклама —

Во текот на утрешниот ден ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.

Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.

На економскиот форум во Атина, присутни се и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Економската соработка меѓу двете земји по потпишување на Договорот од Преспа се зацврстува и интензивира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања