Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев на ТВ Телма: Потребни се избори, за да ги вратиме институциите, за да градиме здрава економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev

Нема поважно од здравјето на луѓето, чуму ви било на некој избори ако ние загрозиме макар здравје на еден човек, не ни треба таа работа ќе го потврдам од аспект на СДСМ ние сме владеачка партијата, ние веруваме по истражувања, по тоа што сме сработиле, по тоа што нудиме за следниот четиригодишен период дека ќе добиеме доверба и одговорност повторно од граѓаните без разлика дали изборите ќе се сега во јуни или ќе бидат во јули во август па дури и во декември, ние ќе имаме уште четири години мандат зошто тогаш да не ги искористиме овие девет месец, истакна претседателот Заев во гостувањето на Топ Тема на Телевизија Телма.

Тој истакна дека сега кривата на заразата е долу и треба да се искористи периодот, а особено есента и зимата се време на нови вирози, на нови пикови.

— реклама —

- Сега ризикот е најмал, но ако здравствените експерти оценат дека нема услови за избори, нема да има избори, ние не можеме да си дозволиме да го доведеме во опасност здравјето на граѓаните. Никој не сака да изнасили избори, нашата суштина е да бидеме паметни да ги вратиме институциите час поскоро да фунцкионираат да биде здрава демократијата нагласи Заев.

— реклама —

Сосема ми е јасно, додаде Заев, како се чувствуваат граѓаните, како ги поминуваат овие тешки моменти. Одговорна политика значи да понуди, кои се опциите за нашиот народ.

— реклама —

Образложувајќи ги аргументите за што поскоро одржување на избори, Заев истакна дека нашата земја нема парламент, како коректив на владата, владата е техничка, а економијата ќе претпри уште еден удар ако изборите се одржат наесен.

- Сега кога излегуваме од оваа работа треба да ја завршиме и работата со изборите, ако одиме во септември уште еден удар ќе и дадеме на економијата, заклучи претседателот Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања