Јас знам дека вие не сакате да се врати режимот. Но, некој во вашиот личен живот ве повредил, некој ве потценил, некој ви ја затворил вратата неправедно, некој не ви кревал ни телефон за да ја слушне вашата мака. Ви благодарам на сите вас што причините ги споделивте со мене, рече синоќа лидерот на СДСМ Зоран Заев од Скопје.
„Ако јас кревам телефон, покрај сите мои обврски како премиер, ќе крева телефон и Петре и Дуле и сите. И секој од највисоко до најниско раководно ниво. Ќе ве слуша и ќе ви помага, затоа што за тоа е поставен, за државата и за граѓаните. Давам директива до сите, општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE - излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот“, изјави Заев