Влада предводена од СДСМ и зајакната плус, останува, ова го посочува претседателот на Владата, Зоран Заев кој најави оставка ако Петре Шилегов не победи во Скопје на локалните избори. Тој за „Сител“ вели дека нема предвремени избори затоа што 2,5 години се наменети за зајакнување на економскиот стандард. Заев посочи дека има кој да го замени.
„Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец, сум се борел против режим, сум се борел внатре за соединување на ова општество, дипломатски, но треба поддршката од граѓаните. Јас или Влада предводена со мене, не може понатаму да води“, рече Заев.