Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев најави пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на СДСМ попладнево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev

Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската Унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.

— реклама —

„Драго ми е што имаме шанси до крајот на годината да бидеме полноправна членка на НАТО. Тогаш ќе почнат и преговорите со ЕУ така што можеме успешно да ја завршиме оваа година во поглед на интеграциските процеси“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа.

— реклама —

Заев најави и пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на партијата што попладне треба да се одржи во Охрид.

— реклама —

„ Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и другите политички партии и општеството да се менуваме кон подобро“, изјави Заев.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања