„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев: Најдоцна до утре вечер владата ќе прогласи кризна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-pendarovski-filipce

Кризната состојба ќе биде прогласена најдоцна до утре вечер, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со претседателот Стево Пендаровски, по завршувањето на состанокот на Кризниот штаб.

— реклама —

Претседателот на државата Стево Пендаровски во денешното обраќање, по седницата со Советот за безбедност, истакна дека после исцрпна дискусија во која учествувале сите присутни, донесен е заклучок со кој Советот за безбедност и преглага на Владата прогласување на кризна состојба на територија на целата земја.

— реклама —

„Во моментов ние имаме прогласено кризна состојба на северната и јужната граница во врска со илегалните преминувања на мигранти и бегалци и во тие подрачја војската и полицијата работат заедно. Сега таквата соработка, откако ќе биде декларирана кризна состојба, ќе биде овозможена буквално на целата територија на земјата“, посочи Стево Пендаровски.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ова значи дека на располагање во лекувањето на заразените се ставаат и приватните болници, но и нивниот медицински кадар.

Претседателот потенцираше дека управувањето со приватните здравствени установи не значи нивна национализација.

„Втората важна разлика е што Владата ќе може да управува со ресурсите на државната управа, јавните претпријатија, општините и градот Скопје, како и приватните здравствени установи. Не станува збор за национализација на приватните болници, туку за управување со нив во битката со пандемијата, во обем во кој Владата ќе оцени. Приватната сопственост е гарантирана со Уставот и тука не станува збор за менување на сопственоста“, рече Пендаровски.

Воведувањето на полициски час не зависи од кризната состојба, кажа Пендаровски, додавајќи дека за тоа одлучува Владата.

„Воведувањето на кризната состојба на цела територија нема никаква врска со т.н. полициски час и евентуално воведување на рестрикции во движењето. Тоа е надлежност на Кризниот штаб и Владата, како и Комисијата за заразни болести“, објасни претседателот.

Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања