Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Најголемата софтверска бугарска компанија „Скејл фокус“ наредните 5 години планира да инвестира 45 милиони евра и да отвори 300 работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
23122019_PVRSM_Zaev_ZPVRSM_Angjushev_potpishuvanje_dogovor_so_ScaleFocus-3

Најголемата софтверска компанија од Република Бугарија, „Скејл Фокус“, во наредните 5 години е подготвена да инвестира околу 45 милиони евра, и тоа повеќе од 34 милиони евра во плати за повеќе од 300 работни места, повеќе од 6 милиони евра во давачки за Буџетот на Северна Македонија, повеќе од 3 милиони евра за закупнина на деловен простор, и повеќе од 2 милиони евра за обука и развој на вработените, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на церемонијата на потпишување на државен договор за поддршка на оваа инвестиција во нашата земја.

— реклама —

Во своето обраќање по тој повод, премиерот Заев нагласи дека компанијата има намера активно да соработува со локалните организации, универзитети и компании, за придонес во развојот на информатичката и дигиталната технологија.

„Софтверските решенија на „Скејл Фокус“ ќе се интегрираат во постоечките водечки продукти на познатите компании како што се „Ај-Би-Ем“, „Оракл“, „Мајкрософт“, „Апиан“ и други глобални компании. Техничкиот центар на оваа компанија во Скопје ќе биде продолжување и проширување на можностите на компанијата кој ќе биде организиран и управувам според најдобрата пракса на софтверската индустрија во светот. Инвестицијата на „Скејл Фокус“ ја прави Северна Македонија важно место на мапата на софтверската индустрија и на информатичката технологија“, нагласи премиерот Заев.

— реклама —

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев рече дека „Скејл фокус“е компанија којашто има канцеларии во 5 земји во светот, во Бугарија, во Обединетото Кралство, во САД, во Швајцарија и Германија и во Северна Македонија.

„Софтверската компанија „Скејл Фокус“ вработува над 1000 вработени, работи за 300 клиенти во моментов на 500 проекти. Тоа е една исклучително брзо растечка компанија, а тоа го потврдува и извештајот на Фајненшл Тајмс од 2019 година, кој ја вбројува компанијата во 1000-те најбрзо растечки компании во Европа и цениме дека е добро што токму оваа компанија ќе направи своја ќерка фирма и во нашата држава“, додаде Анѓушев.

Пламен Цеков извршен директор на „Скејл фокус“ по потпишувањето на договорот рече дека причината да инвестираат во Северна Македонија е во огромниот потенцијал и талентираните млади луѓе од сферата на информатичките технологии.

„Сега имаат можност се вклучат во ИТ индустријата  на глобален план и преку високи плати да го изградат столбот на средната класа. Притоа да останат во својата земја а да работат на европски проекти и плати. Со тоа сметаме дека ќе помогнеме дека Северна Македонија да оди побрзо на својот пат кон Европската Унија“, рече сопственикот и главен извршен директор на компанијата, Цеков.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања