Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини, нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-4-1

Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини. Нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација, истакна премиерот Зоран Заев по лидерската средба, одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —

– Кога тргнавме со обиди преку приватни фирми да најдеме вакцини, бевме обвинети дека нешто тајно договараме. Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини. Нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација. Имаме порачано 800 илјади преку Ковакс, 800 илјади Фајзер, 200 илјади од Кина и 200 илјади Спутник од Русија. 100 илјади се од Европа и 500 илјади направивме усна нарачка со Кина за во мај. Тоа се 2.600 за два милиони потреби, посочи Заев.

Го поздрави потегот на Србија да дозволи вакцинација на странски државјани.

— реклама —

– Немаме против определбата на нашиот народ да оди во соседна пријателска земја да прими вакцини. Ја поздравуваме пријателската доблест на пријателска Србија. Ќе беше многу подобро тука дома да се вакцинираат, но проблем има целиот свет заради недостаток на количини на вакцини. Западниот Балкан, освен Србија, е буквално во иста состојба, рече Заев.

Истакна дека пари за вакцините се обезбедени уште лани во септември кога се правел буџетот, а дополнително пари има и од грант од Европската унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања