Заев: Народе мој, испишавме историја, ова убаво наше македонско знаме се вееше во Лондон со знамињата на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Одговорност мора да има за секој што ги прекршил законите во нашата држава, порача од граѓанската трибина во Битола, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, без разлика за кого станува збор.

— реклама —

-Го слушам Мицкоски деновиве предлага тие што прекршиле закони да не се занимавале со политика. Ама каде е одговорноста тука не споменува? Најважна е. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара, за да не му падне на памет да краде или да дејствува спротивно на интересот на граѓаните. Еве и Талески и Мијалов и Јанкуловска, Груевски, не се занимаваат со политика и што треба сега според Мицкоски да не одговараат? Не, има да си одговараат до крај, одговорност во оваа наша држава мора да има. После народот ќе каже дали некој да се занимава со политика. Тој што е нечесен граѓаните нема да го прифатат, рече Заев.

— реклама —

Претседателот Заев повика на расчистување на сите случаи, но и на скандалот со незаконското финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

-Скандалот со тоа како 400.000 илјади евра незаконски се финансирала кампањата на ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчисти, ги охрабрувам институциите да постапуваат, согласно законите. И тоа истите газди кои давале пари во Рекет.  Тоа е спротивно на изборниот законик и за ова кривично дело  мора да има одговорност за кој и да се однесува, мора да има одговорност, рече претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.

YwtaQUSrhxQ

фото: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања