Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев смета дека Петре Шилегов прави грешки и се поправа, но не одговори што значеше неговата изјава кога кажа дека без Скопје, Владата не може да оди напред. Без одговор остана и тоа дали значи дека е оставка во најава, доколку Шилегов не победи.
“Не дека Шилегов е сјаен, граѓаните кажаа. Ама од другата страна имаме човек кон вика: мрш. Тоа е ризик. Затоа, ние одлучуваме. Народот е исправен, мора да ги донесат исправните одлуки”, кажа Заев.
За Данела Арсовска кажа дека имал средби со неа бидејќи е претседателка на Сојузот за стопански комори, потенцирајќи дека знае и како е избрана и давајќи негативно мислење за неа.
“Сега е мајката на граѓаните, сега е моментот, сега мора да пресечеме”, додаде Заев.