Премиерот Зоран Заев вели дека не верува дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран во случајот „Рекет“. Тој вели дека ќе остави тоа да го докаже и истрагата која ја води обвинителката Вилма Русковска од Обвинителството за организиран криминал и корупција.
„Доколку се докаже дека некој политичар е виновен, тогаш мора да има одговорнсот. Јас не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам тоа да го докаже истрагата. Секој политичар кој е инволвиран да си одговара. Повикувам на целосна постапка, која ќе ги даде сите одговори. Тоа е убав мегдан да видиме дали можеме да се справиме со вакви девојантни појави“, вели Заев.