„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Нека е честит празникот на солидарноста и грижата кон другите, да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, до сите наши граѓани од исламска вероисповед, до Исламската верска заедница, до поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот, упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

— реклама —

„На сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан Бајрам, им посакувам среќни и спокојни празнични денови, со срдечни желби празникот да го прослават во добро расположение и добро здравје“ стои во честитката на премиерот Заев.

„Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите. Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина. Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник! “, истакнува во честитката Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по повод празникот Курбан Бајрам со желби за многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови, се вели во честитката од премиерот.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања