Премиерот Зоран Заев и натаму не прифаќа предвремени парламентарни избори кои ги бара опозицискиот лидер Христијан Мицковски. Тој вели „ќе бидеме непатриоти ако дозволиме избори“ „Овој е неповторлив период за државата, ќе бидеменепатриоти ако го уништиме. Ние не сме за предвремени избори, бидејќи тоа е штета на државата“, рече Заев. Заев уверува дека анкетите покажувале дека поддршката од албанското гласачко тело се зголемувала на контото на СДСМ.
„Поддршката расте. Граѓаните имаат право да бидат големи поддржувачи, а некогаш негативен поддржувач. Имаме мал милион причини зошто албанското гласачко тело не поддржува. Огромен број на Албанци велат дека во минатото сите си ја сакавле својата земја, сега ја чуствуваме за своја. Колку што државата води рамноправно грижа за своите граѓани, толку повеќе ќе ја сакаат“, додава Заев.