„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Заев: Обезбедуваме средства и правиме напори за подобра животната средина, отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
0002

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска се сретна со членови на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина во земјата, кои заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање соработуваат за заштита и подобрување на состојбите во овој сектор.

— реклама —

На средбата, премиерот Заев изрази подготвеност и волја за продолжување на заложбата на Владата за соработката со граѓанскиот сектор во насока на размена на идеи и ставови при операционализација на политиките за различните области од животната средина.

Претставниците на Координативното тело, на состанокот претставија дел од своите сугестии кои се однесуваат на различни сектори од животната средина, водата, обновливите извори, квалитет на воздухот, отпадот како и ставови за подобрување на законската регулатива, во согласност со ЕУ регулативите.

— реклама —

Истовремено, тие се заблагодарија за изразената кооперативност од страна на премиерот да ги слушне сите нивни барања, поздравувајќи ја стратешката определба на Владата за преземање мерки и активности за решавање на аерозагадувањето.

На работниот состанок беше договорено, претставниците на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина до премиерот Заев и заменик-министерот Макрадули да испратат писмо во кое ќе ги сублимираат сите конкретни иницијативи кои се однесуваат на секторот заштита на животната средина

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања