Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев: Очекувам граѓаните преку својот глас да дадат правец за следните 4 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
DSC_6304

Денеска во мојата Струмица го остварив своето право на глас, секако почитувајќи ги сите безбедносни протоколи со што го заштитив моето здравје, здравјето на избирачкиот одбор, а го исполнив и моето гласачко право и обврска, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев по гласањето.  

 Државните институции навистина покажаа капацитет да организираат вака специфични избори со почитување на сите здравствени протоколи, што треба да биде сериозно охрабрување за граѓаните да излезат во максимален број и да дадат правец на државата, преку својот глас и својата определба за да продолжиме  напред по патот по кој чекориме. 

— реклама —

 Навистина овие се поразлични избори од другите избори, но не се помалку важни. Со резултатот од овие избори ќе знаеме на која позиција, како ќе успееме за следните 4 години, како ќе биде животот на граѓаните за 4 години. Од денешната одлука на граѓаните зависи кој ќе води грижа за здравјето на граѓаните, кој ќе ги отвора и затвора поглавјата со ЕУ, но уште поважно кој ќе се грижи за економскиот раст и развој на сите граѓани во Република Северна Македонија.

— реклама —

 Верувам дека преку нашата позитивна и промотивна кампања успеавме да ги осигуриме и убедиме граѓаните дека коалицијата предводена од СДСМ е таа што ја очекува најголемата поддршка. 

— реклама —

 Голема е честа и одговорноста предавањето на гласот од граѓаните за следниот период којшто е пред нас, верувам дека таа чест и одговорност ќе ја употребиме максимално во интерес на граѓаните. 

Таа чест и одговорност, посебно во времето во коешто живееме, е неповторлива шанса бидејќи се отворени сите патишта за нашата земја. 

Нека ни е со среќа на сите, верувам дека денешниот ден ќе донесе заеднички успех на сите во државата, истакна Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања