„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев: Очекуваме, во јуни, отворање на преговорите со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_3843

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска се сретна со делегација од меѓународната организација на трудот, предводена од Хајнц Колер, помошник генерален директор во организацијата и регионален директор за Европа и Азија.

— реклама —

На средбата се поздравени позитивните политички промени во нашата држава по постигнатиот Договор од Преспа, што резултира и со резултати во економско социјалната сфера. Констатирано е дека резултатите на социјален и економски план ќе бидат и добар аргумент за пристапните преговори со ЕУ и поглавјето 19, кое што се однесува на социјалната политика и вработувањето.

Премиерот Заев соопшти дека Владата е посветена на ефикасен социјално – економски дијалог во државата, со сите страни и дека решенијата на политичките прашања отворија можност за зголемување на странските инвестиции, покачувања на платите, покачување на просечната плата, зголемување на БДП-то што се позитивни социо-економски трендови.

— реклама —

-Република Северна Македонија стана надежна земја во регионот. НАТО интеграцијата е почната. Очекуваме, во јуни, отворање на преговорите со ЕУ.

Тоа за нашата држава значи стабилност и безбедност, но значи и подобрување на начинот на живот на граѓаните. Посветени сме на програми за зголемување на животниот стандард, што сега, поради позитивната клима во државата, има услови да се реализираат. Нашата цел е мотивирани работници и мотивирани граѓани. Очекуваме да ја постигнеме целта што си ја поставивме, а ја ветивме и на граѓаните, развој на државата на социјален и на економски план, рече премиерот Заев.

На средбата се разгледани можностите за помош и употреба на искуства од Меѓународната организација на трудот во делот на стекнувања вештини и подобрување на вештините за работа на работниците, на национално и на локално ниво.  Исто така, разговарано е и за значењето на Конференцијата што ја организира Меѓународната организација на трудот во јуни во Женева, за иднината на работата, на којашто се очекува присуство на претставници на висок политичко ниво од земјите од ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања