„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев од Кочани: Градењето и поврзувањето е приоритет, со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква растат туристичките потенцијали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
24122020_PVRSM-Zaev_pat_Kochani-Ponikva_5

„Со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – квалитетна сообраќајна поврзаност. На почетокот на зимската сезона, сега граѓаните на Кочани, на регионот и сите граѓани туристи од земјата и од странство имаат модерен и безбеден сообраќаен пристап до туристичката понуда на Осогово и убавините на планината, вклучувајќи го тука и експресниот пат Штип-Кочани кој влезе во неговата последна фаза на изградба“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев, извршија увид и изразија задоволство од завршените работни активности на регионалниот пат Кочани - Пониква.

— реклама —

Премиерот Заев информираше дека патот се реконструираше по целата негова должина од 19,4 километри со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски во вкупна вредност од 2 милини евра.

— реклама —

Воедно претседателот на Владата соопшти дека дополнително на Пониква заврши и реконструкцијата на двата ски-лифта, се градат планинарски дом и две велосипедски патеки од Кочани до Пониква.

Исто така премиерот Заев наведе дека наскоро ќе започне реализацијата на браната на Арамиска Чешма, којашто ќе го реши водоснабдувањето на туристичкиот комплекс.

„Се очекува сите овие проекти да ги зголемат туристичките потенцијали на Пониква и да придонесат за побрз развој на регионот. Градиме и се поврзуваме. Во „Акција 21 – европски стандарди дома“, градењето и поврзувањето го ставивме како приоритет. Европски стандарди дома значи добри патишта за да ни се развива туризмот. Иако сме во време на пандемијата од корона кризата, со посветена работа и добро менаџирање, не дозволивме изведбата на националните, регионалните и локалните капитални проекти да запрат. И во услови на оваа здравствена криза тие и понатаму се мотор на домашната економија“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека со овој патен правец после четириесетина години добиваме квалитетна патна инфраструктура до овој ски-центар.

„Во нашиот План 21, инфраструктурата е на високо место во владината агенда. Се гради првиот експресен пат од Штип до Кочани, ја рехабилитиравме обиколницата кај Кочани, патот од Кочани до Делчево и сите патни правци до Бугарија“, посочи министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев нагласи дека со овој патен правец Кочани го има најквалитетното патно поврзување од сите туристички центри во нашата држава и Пониква полека станува посакувана и привлечна дестинација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања