Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Заев од Охрид: Мицкоски е маската на Груевски, додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира нема да ја има довербата од граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Охрид

Мислите на Христијан Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се хаотични – се прашуваат што е нормално, бидејки одамна се одлепени од реалноста, порача вечерва од Охрид претседателот на СДСМ Зоран Заев.

— реклама —

Заев посочи дека Мицкоски е маската на Никола Груевски дека тој не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните, на општините, на државата и дека граѓаните тоа многу добро го знаат.

— реклама —
— реклама —

Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции, односите со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна и опасна! Видовме - опасна е таквата нивна „иднина“ за држава, опасна е за граѓаните, а видовте и вие охриѓани, колку можат тие да бидат опасни и за Охрид.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се oпасност за граѓаните и државата и на нив е опасно да им се довери да водат - и општина и држава. И додека таа партија не се реформира - ниту смее да дојде на власт – ниту ние, заедно со вас, ќе го дозволиме тоа, порача Заев од Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања