Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Заев од Охрид „Овој празник е верба за нов почеток, верба доброто“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_4071

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид кој денеска беше преполн со верници и гости кои во голем број присуствуваа на традиционалното фрлање на крстот.

„Чест, задоволство и среќа е денеска да се биде во Охрид“, рече претседателот на СДСМ Заев, и на присутните им го честиташе празникот, посакувајќи здравје и среќа за сите.

Претседателот на СДСМ, Заев честитка упати и до среќниот граѓанин кој го извади крстот од водите на Охридското Езеро, Петар Рупевски, посакувајќи му нему и на неговото семејство среќа.

— реклама —

Пред присутните Заев изјави:

„Почитувани граѓани,

Еве од прекрасниот, величествениот наш Охрид, од оваа величествена глетка, денеска го одбележуваме големиот христијански празник Богојавление Христово.

— реклама —

Во тоа име сакам да ја искористам оваа прилика да им го честитам на сите наши граѓани, православни верници, големиот празник.

Ова е празник кога се раѓаме повторно во верата наша, кога веруваме во заедништвото, кога се помагаме меѓу себе, во верба за нов почеток, за нешто добро, за нешто заедничко.

— реклама —

Сакам да му честитам и на Петар кој го фати крстот, секако и на неговото семејство, да ни носи среќа на целиот наш македонски народ.

Нека е честит големиот празник, Богојавление Христово!“

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања