Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев од плажата Дупени: Младите од Северна Македонија, Албанија и Грција се одличен пример на соработка и на перспективи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_8766

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска го посети настанот „Запознај ја Преспа“ кој вклучува активности и на плажата во Дупени.

„Убеден сум дека ќе го привлечеме вниманието на сите граѓани од Северна Македонија, да го користат целиот летен период за да го посетат Преспанското Езеро и да ги видат убавините“, порача премиерот Зоран Заев на дводневниот настан „Запознај ја Преспа“.

— реклама —

Тој истакна дека се надева дека со  настанот „Meet Prespa", што се одржува викендов во Преспа, се започнува една убава традиција што ќе го одбележи пријателство, меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција, посебно преку импликација на дружење со  младите.

— реклама —

„Младите кои се тука од нашата земја, Албанија и Грција се навистина одличен пример на соработка, на иднина, на перспективи. Верувам дека овој туристички потенцијал заедно со моментумот на политичкиот договор што значи прогресивност и иднина, ќе одбележи една одлична можност ем на дружење, ем на креативност и на развој на туризмот на ова прекрасно место“, истакна Заев.

Во рамки на дводневниот настан „Запознај ја Преспа" на Дупени бич денеска се одржува и дегустација на традиционална храна каде присутните имаат можност да ги вкусат највкусните традиционални специјалитети како ѓомлезе, аршлама, разни зелници, питулици, циронки, белвици, штрудла со домашни овошја...

— реклама —

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаровски истакна дека денеска се спроведува прекрасна презентација и дегустација на многу продукти од Преспа. Наведе дека во рамки на настанот се спроведуваат повеќе младински активности, меѓу кои и акција за чистење во Отешево.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања