Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Заев од Романија: Пред 11 години, токму овде во Букурешт, беше пропуштена можност за влез на нашата држава во Алијансата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-2-1-1

– Во Романија се почнати процедурите за ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО што е изгласано во Домот на пратениците. Се очекува брзо заокружување на тој процес и дека Северна Македонија во најбрзо време ќе биде 30. членка на НАТО. Ова го изјави романската премиерка Виорика Данчила по средбата со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Романија.

Романската премиерка ја реафирмираше позицијата за продолжување на проширувањето на ЕУ, врз индивидуални заслуги за земјите од Западен Балкан. Таа изјави дека очекува дека во јуни ќе бидат потврдени политиките на проширување на ЕУ и охрабри нашата земја да продолжи со исполнување на реформските аргументи.

— реклама —

Како што соопшти владината прес-служба, Данчила јавно честиташе на премиерот Заев за неговиот придонес низ храброста и енергијата во големите процеси за нашата држава, што смета дека е инспирација за целиот регион.

Во изјавите за медиумите, премиерот Заев рече дека носи искрени поздрави од граѓаните на нашата држава и од Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Тој се заблагодари за вчерашната ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО во Домот на пратениците на романскиот Парламент и за поддршката во процесот на НАТО интеграциите на нашата држава.

– Посебно ми е драго што сме во официјална посета на Букурешт и што посетата се поклопува со една важна фаза во ратификацијата на Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО од страна на пријателска Република Романија. Пред 11 години, токму овде во Букурешт, беше пропуштена историската можност за влез на нашата држава во Алијансата. Денес на темелите на минатото изградивме иднина. Северна Македонија е на атлантскиот пат. Пријатели, благодариме, порача Заев.

Освен за НАТО интеграциите, премиерот Заев се заблагодари и за поддршката во европскиот пат на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања