Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев од Виенскиот бал: Со присуството на оваа манифестација покажуваме хуманост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
4-3

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вчера вечер заедно со својата сопруга, Зорица Заева присуствуваше на Виенскиот бал, којшто традиционално секоја година се одржува во Скопје.

— реклама —

Во продолжение Ви го пренесуваме интегралното обраќање на Премиерот Заев.

„Дозволете ми да го искажам моето и задоволството на мојата сопруга што сме вечерва тука заедно со Вас.

— реклама —

Поканата од амбасадорката Коблер да присуствувам на Виенскиот бал ја прифатив без двоумење поради неколку причини. Прво го покажува воспоставеното, искрено пријателство помеѓу Република Австрија и Република Северна Македонија. Понатаму, оваа манифестација, којашто е создадена како реплика на светски познатиот бал во Виена, Опера Бал годинава го одбележува својот 20-ти јубилеј. Но пред се, ме мотивираше хуманиот карактер на манифестацијата.

Особено ме радува фактот што со дел од средствата собрани вечерва ќе биде обезбедена адаптирана спортска опрема за возење велосипед, а којашто потоа ќе му биде доделена на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија, „Без ограничувања“.

Знам дека и лицата со попреченост можат да спортуваат. Јас лично познавам такви луѓе. Разликата е што ним им треба само поголема поддршка. Затоа јас лично би сакал да ви се заблагодарам на сите, бидејќи Вашето присуство овде вечерва ќе придонесе кон подобри можности за овие наши сограѓани“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања