„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: По 47 години се реконструира далекуводот во Штипскиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2112019_PVRSM_rekonstrukcija_dalekuvod_Shtip_Probishtip_4

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, денес остварија работна посета за увид во реконструкцијата на 110 киловотниот далекувод ТС Штип - ТС Пробиштип.

— реклама —

Реконструкцијата е финансирана со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба на далекуводот чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 км. Проектот претставува капитален инфраструктурен проект што ги поврзува трафостаниците ТС Штип и ТС Пробиштип и е од исклучителна важност за овој регион.

Новиот далекувод ќе биде поставен на 110 челично-решеткасти столбови и ќе го замени постоечкиот далекувод што е во функција повеќе од 47 години, а планот е изградбата на далекуводот да заврши до крајот на годинава, кога се очекува далекуводот да биде пуштен во работа.

— реклама —

Во изјава за медиумите Премиерот Заев истакна ваквите крупни капитални инвестиции во електроенергетската инфраструктура се исклучително значајни за нашата земја и за подобрување на инвестиционата клима. Се создава сигурност кај домашните и странските инвеститори и се гарантира стабилност за економијата но и граѓаните на Северна Македонија.

Министерот Сугарески се осврна на континуираните напори на владата во обезбедување градење на серивиси за граѓаните и бизнис секторот и потсети дека овој проект е само еден од шесте преку кои се работи на модернизација на инфраструктурата која во овој регион не е обновена речиси 50 години.

Директорката на МЕПСО Ева Шуклева образложи дека со проектот за изградба на нов 110 kV далекувод и со новата опрема ќе се сведат на минимум ризиците од испади и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а  со тоа значајно ќе се намалат и трошоците за одржување.

Овој проект е само еден од предвидените во десетгодишниот инвестицискиот циклус што го започна МЕПСО вреден 150 милиони евра, во модернизација и изградба на нови енергетски објекти, во нови трансформаторски станици и далекуводи.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања