Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Заев по повод 8 Март:Заедничкото општество е силно колку што е силна жената во него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати честитка по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената во која се вели:

Кога денеска го славиме овој празник треба да прифатиме дека во нашето општество има сѐ уште области во кои преовладуваат конзервативните и премногу застарени принципи за улогата на жената. Тоа го менуваме, и на тоа остануваме посветени се до постигнување на целосната правична родова еднаквост.

— реклама —

Ако не го направиме тоа, особено во сферите на креирање на политиките, на носењето на законите и во сферата на учеството на девојките и жените во системот на институциите, ќе продолжиме да и даваме простор на општествената, родова неправда, која го намалува потенцијалот за прогрес на нашето општество.

Денеска е денот кога треба да им дадеме гласност на пораките дека без потполна родова еднаквост нема ни демократија, ниту социјална правда.

— реклама —

И не само денеска, овие прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост, секој ден. Мораме да ги охрабриме застапниците на борбата против родовата нерамноправност и сексизмот за да ги запреме сите видови на неправда во општеството, зашто борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество.

Да не запреме додека целосно не ја анулираме разликата во вредноста на трудот меѓу мажите и жените и додека не обезбедиме дека девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Нема никаква причина да биде поинаку. Кога жените губат - сите губиме.

Економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените. Економски силните девојки и жени полесно ќе се справуваат со сиромаштијата, со насилството и дискриминацијата.

— реклама —

Образованите, еманципираните жени полесно ќе го движат нашето општество напред!

Правото на глас, избор и еднаквост треба секојдневно да се негува и унапредува се додека не стане наше секојдневие. Заедничкото општество е силно колку што е силна жената во него.

— реклама —

Честит 8 Март за родово еднакво општество, се вели во честитката од премиерот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања