ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев по повод Божик: На празникот на новиот живот обединети околу универзалните христијански вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
06012021_PVRSM_Zaev_Bozikna-cestitka

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во свое и во име на Владата, упати честитка по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството и монаштвото, како и до сите православни верници во нашата земја.

— реклама —

Премиерот Заев во честитката ја изразува желбата во срцата на сите верници да се всели безусловна љубов, мир, спокојство, радоста и почит во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на КОВИД-19.

„Токму кога се соочуваме со исклучително сериозни предизвици, симболиката на најубавиот семеен празник е можност да се свртиме кон себе и кон нашите најблиски. Да ја почувствуваме топлината на семејниот дом, радоста на заедништвото и љубовта на ближните. Да ја шириме пораката Христова, која постојано не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме како личности. На празникот на новиот живот обединети околу универзалните христијански вредности и сплотени во љубов да го победиме ова зло и да продолжиме по европскиот пат, на создавањето дела и вредности достојни за паметење“, пишува во писмото по повод Божик премиерот Заев.

— реклама —

Претседателот на Владата Заев со честитките по повод Божик апелира празничните денови да ги славиме во кругот на домот, да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата со почитување на препораките за физичко растојание и за носење на заштитна опрема, за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни.

„Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!“, порачува во писмото по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања