Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-121

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјата.

— реклама —

Премиерот Заев во честитката истакнува:

„Денешниот празник- Меѓународниот ден на Бошњаците е ден кога сите ние го славиме нашето заедништво, достојно почитувајќи ги различностите, кои му се потребни на нашето општество.

— реклама —

Владата, заедно со сите граѓани посветено го гради и унапредува концептот за развој на едно, еднакво и праведно општество и интеркултурен дијалог, како заедничко богатство, со здружена определба за почитување, толеранција и унапредување на етничките и културните разноликости.

— реклама —

Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја, која ги почитува европските и евроатлантските вредности, како темелен принцип за изградба на современа демократска држава.

Дозволете, денеска, од име на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам најискрени честитки по повод 28 септември, посакувајќи да ни траат, заедништвото, почитта и единството, зашто само така можеме да изградиме перспективна иднина за нас и за нашите деца“.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања