Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Заев: По сила на закон изборите се 22 дена по истекот на вонредната состојба, гласањето е безбедно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Ако не се постигне договор да се измени Изборниот законик, тогаш по сила на закон и устав, изборите се на 5 јули, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот Заев истакна дека изборите се потребни заради заштита на здравјето, трансформација на економијата, но и за целосна функционалност на институциите.

„Бројките на новозаболени секому тешко му паѓаат, но тие ќе постојат и натаму и затоа изборите треба да се одржат. Бројките ќе постојат и на 5 и на 15 јули и на 5 август и на 15 октомври ама ние не смееме во тој период да останеме без парламент и политичка влада која ќе има доволна одговорност да носи одлуки за тешки состојби, пред сé економски, но можеби и здравствени.  Верувам дека сите ќе смогнат сили да учествуваат на изборите затоа што одговорноста кон државата мора да биде во преден план за сите“, порача Заев.

— реклама —

Во однос на прашањето за процесот на набљудување, претседателот Заев истакна дека е јасно дека ОБСЕ/ОДИХР ќе има своја набљудувачка мисија со што ќе се обезбеди и меѓународен мониторинг на изборите.

— реклама —

„ОБСЕ веќе се изјасни дека ќе испратат мисија соодветна на коронакризата којашто постои насекаде низ светот. Логично е дека не мора и не треба да очекуваме полна мисија како во нормални околности, но сепак ќе има мисија којашто ќе ги заврши своите надлежности за да може мониторингот да биде завршен. Вчера е испратено писмо до ОБСЕ/ОДИХР за поканата да учествуваат на изборите, тие најавија дека им треба период за да се позиционира во државата. Очекувам ОБСЕ да ни помогне од соседните земји, а секако тука се и амбасадите во нашата државата кои традиционално преку амбасадорите и службите во амбасадата даваат придонес во мониторинг процесот“, посочи Заев.

— реклама —
Во одговор на новинарско прашање околу тоа како би изгледал изборниот ден и како граѓаните ќе го остварат своето избирачко право во време на пандемија, претседателот Заев посочи дека постојат посебни протоколи кои ќе обезбедат сигурен изборен ден и чин на гласање кој нема да го загрози здравјето на ниту еден учесник во изборите.

„Министерството за здравство подготви протоколи и тие знам дека се предадени до Државната изборна комисија и преку почитување на тие протоколи обезбедуваме безбеден чин на гласање. Кога сме во ситуација кога пазариме, посетуваме угостителски објекти во кои минуваме и по неколку часови, секако придржувајќи се до мерките, можеме и да гласаме според протоколите кои ги штитат здравјето. Чинот на гласање не трае повеќе од 5 минути и може лесно да се изведе согласно заштитните мерки“, заклучи Заев.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања