Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев по средбата со Мицкоски: Пописот ќе ги одложи и локалните избори, наместо во првата половина, ќе се одржат во втората половина на октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-5

Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека се договориле пописот да се одложи за септември и да се реализира од 5 до 30 септември.

— реклама —

Целта е попишувачите дотогаш да ги примат и двете дози вакцини. Дијаспората дотогаш ќе може да се самопопишува.

Пописот ќе ги одложи и локалните избори. Изборите наместо во првата половина, ќе се одржат во втората половина на октомври. Кампањата за изборите ќе започне по пописот.

— реклама —

Премиерот потенцираше дека она за што се дискутирало е координирано со коалиционите партнери, но ќе биде слушнат и ставот на помалите партии.

„За време на паузата на лидерската средба, ги контактирав претседателот на државата, спикерот и директорот на ДЗС и договоривме одложување на пописот за месец септември, поради имунизацијата на населението. Секако, дијаспората ќе продолжи да се попишува до 30-ти септември“, изјави премиерот Заев.

Тој додаде пописот сега ќе биде поддржан и од најголемата опозициска партија, по што ги повика и Левица да ја прекинат кампањата на бојкот.

Заев кажа дека од утре работни групи во законодавниот дом ќе разговараат и за отворени листи, како и локални избори во еден изборен круг. По средбата, премиерот кажа дека со Мицкоски договориле и одблокирање на Собранието.

„Одложување на пописот од 5 септември до 25 септември, а изборите од прва во втора половина на октомври. Важно е што дијаспората ќе продолжи да се попишува и ги повикувам нашите граѓани во странство, да се попишат. Ова е важна статистичка операција. Логично е дека внимаваме да се не поклопи кампањата со пописот, така што таа ќе се одложи. Делот кој што го договоривме за одблокирање на Собранието е важен, односно законите како што се за легализација на бесправни градби, петтиот пакет мерки, законите за Клинички центар, АВМУ/МРТВ закони кои се заглавени повеќе од година и пол, Законот за државјанствата, законите за пензионирање, законите за екологијата, законите од европската агенда. Верувам дека во периодот кој престои ќе има покомфорна атмосфера и законодавниот дом ќе биде одблокиран. Прифативме уште утре да влезе во Изборниот законик гласањето со отисок од прст. Со самиот Изборен законик земавме обврска да започнат да работат групи и да се разговара за отворени листи, како и за барањето на избори во еден изборен круг. Но, и да се разговара за една изборна единица за парламентарни избори“, рече Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања