Премиерот Зоран Заев во „Утрински брифинг“ тврди дека кандидатката Данела Арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, има бугарско државјанство. Тој вели: „Македонија е пријателска земја, ама ова е too much“ бидејќи излезе со тврдење дека поркрај бугарско државјанство, таа е конзул на Унгарија.
„Во Скопје се бира градоначалник, не кмет. Во Бугарија се бира кмет, со сета почит кон Бугарија“, вели Зоран Заев а прашан дали е сигурен дека таа е бугарски државјанин, тој додаде: „Тврдам и јас верувам дека цела аргументација ќе излезе на површина. Сега дознав, ако вчера излезе ова, тоа е завчера. Дека е бугарски државјанин, е бугарски државјанин и тоа не е спорно. Морате да им кажете на граѓаните на Скопје кога се кандидирате, тоа е нечесен однос“.
„Веднаш да се повелче ако малку го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, недозовлено вака да се постапува. Ако ја изберат, нема враќање назад, министри може да се сменат, градоначаници не. Нека се повлече жената“, додаде Заев.
(ВИДЕО) Активист на ВМРО-ДПМНЕ попречувал прес-конференција, обвинува СДСМ
На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните.Повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подго
Скопје | пред 4 години
Колку семејни фирми на Арсовска имаат седиште во спортската сала „Расадник“, прашува СДСМ
„Почесната конзулка на Унгарија Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што е одговорна за пропаѓањето на спортската „сала Расадник“ изградена со самопридонес на скопјани“, изнесе на денешната прес-конференција Градската организација на СДСМ - Скопје.СДСМ - Скопје тврди дека Данела Арсовска бега од одговори на прашања во врска со нејзиното катастрофално менаџирање на салата „Расадник“, кое било овозможено од власта на ВМРО-ДПМНЕ кога министер за финанси
Скопје | пред 4 години