Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев: Почнува реконструкција на клучниот пат кој го спојува градот со најголемиот економски двигател - Рудник Саса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
DSC_1824

Претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија - Зоран Заев, денес имаше повеќе теренски активности во Македонска Каменица.

Меѓудругото Заев присуствуваше на отпочнувањето на целосна реконструкција на R1210 од Македонска Каменица кон рудникот Саса во должина од 10 километри.

— реклама —

Проектот е вреден 2,27 милиони евра кои се обезбедени преку ЕБДР. Минатата година е завршена комплетната проектна документација а од денес се пристапува кон комплетно санирање на патот кој не е реконструиран повеќе од 40 години. Дополнително ќе се работи и на изградба на придружни елементи (банкини, одводни канали и слично).

— реклама —

Ова е еден од капиталните проекти во источна Македонија, кои заедно со реконструкцијата на делот Крупиште, Узем-рудник Тораница и овој пат ја комплетираат главната патна инфраструктура во овој регион.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања