Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Пописот е најважна државничка работа, ни требаат податоците за населението за државата да не работи во матно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
10022021_PVRSM_Zaev_Pres-konferencija-na-tema-energetska-tranzicija_1

Одговарајќи на новинарско прашање за важноста од пописот и можноста од одложување на истиот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, посочи дека преку инклузивен процес секогаш можат да се решат сите прашања и кога има простор да се постигне консензус.

— реклама —

Но, како што истакна тој, 20 години Северна Македонија нема попис.

„Тука во Владата, на локално ниво, градоначалниците, сите јавни државни, локални претпријатија, сите приватни фирми, па и целиот наш народ, работиме во магла, во матно, не ги знаеме бројките. Не знаеме колку сме, каде сме распоредени, кои ни се индустриските параметри, кои ни се основните ресурси и каде тоа дава сериозни индикации за зголемување на економскиот раст на државата“, потенцираше премиерот Заев.

— реклама —

Како што рече премиерот Заев, пописот е статистичка операција и наша должност е да ја направиме.

„Предвиден е да се спроведе од 1-ви до 21-ви април и тој треба да се заврши. Уште еднаш ќе повторам. Лето никаде не се прави попис, септември е кампања, октомври се локални избори. Ако одлагаме за кога да одложиме. За мај? Тоа нема ништо да смени. Треба да се фокусираме сите одговорно да го завршиме пописот, а тоа е граѓанска обврска јасно утврдена со закон. Ако сме држава треба државнички да се однесуваме и државнички да се поставиме. Пописот е насушна потреба во интерес на сите граѓани“, заклучи премиерот Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања