Заев: Пописот ќе биде во април 2021, нема ново одложување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
popis-696x522

— реклама —
Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да има ново одложување на пописот, а најдоцниот термин за негово спроведување е април 2021 година.

— реклама —

„ Пописот ќе се спроведе 2021 година и точка. Го одложивме за 2021 по барање на опозицијата уште пред да се појави ковид-19. Ние како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите“, пописот можеме да го спроведеме во април, изјави Заев.

Тој додаде дека оваа статистичка операција е веќе предвидена во буџетот, а од таа причина и тече набавка на нови лаптопи преку Заводот за статистика.

„ Заводот за статистика своите стари компјутери ги подари на образованието. Тие беа употребливи, со целосна функционалност, поради тоа се прави набавка на нови уреди, кои треба да бидат составен дел од спроведувањето на пописот и целокупната дигитализација на податоците“, вели премиерот Заев.

Инаку како што пишува Слободен печат, Државниот завод за статистика склучи договор со Македонски Телеком АД Скопје за набавка на информатичка опрема, чија проценета вредност е 190 милиони денари, односно околу 3 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања