Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Пред нас стои големата задача да го поддржиме спроведувањето на пописот, кој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
29012021_PVRSM_rabotnasredba-5

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, се обрати на работната средба во организација на Државниот завод за статистика, посветена на координација со локалната самоуправа со цел успешно спроведување на претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите.

— реклама —

„За нешто повеќе од два месеци нашата земја ќе ја спроведе најважната статистичката операција - Попис. Инсистирам на терминот „статистичка операција“ затоа што со законските решенија пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат, односно според врвните глобални и европски стандарди и практики –за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање.

— реклама —

Пред нас стои големата задача да го поддржиме спроведувањето на пописот на населението, на домаќинствата и на живеалиштата, кој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата. Со неговото успешно спроведување конечно ќе ги исправиме и последиците кои ги предизвика огромната, недозволива пауза од 20 години од последниот релевантен попис.

И кога зборуваме за ризиците и за заканите кои се уште го демнат пописот, тука, уште на почетокот од ова мое обраќање до вас, сакам да ја адресирам најавата за нова неодговорна постапка на опозицијата, односно најавата за бојкот на пописот од страна на опозицијата.

Сметам дека тоа е најлошата одлука што може да ја донесе некој политички субјект бидејќи, освен што е правно недозволив, бојкотот носи само конфузија меѓу граѓаните, сериозна штета за државата и ништо добро, ништо позитивно“, истакна меѓудругото Заев.

Заев додаде дека податоците од пописот се од огромно значење и за локалните власти. Тие се суштински кога станува збор за планирање на развојот на заедницата, бројот на учениците визави образовните капацитети, бројот на деца од претшколска возраст наспроти градинките како установи за згрижување на децата.

„Податоците од пописот ги откриваат и можностите на општините за развој на локалните пазари, туристичките потенцијали.  Не случајно минатата година Европскиот ден на статистиката се одбележа под мотото „Подобри податоци, Подобар живот“.

Да не заборавиме дека пописот е и наша обврска како држава кандидат за членство во ЕУ, бидејќи поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите и затоа во април треба сите да дадеме придонес ова прашање успешно да го затвориме, истакнаЗаев.

Покрај премиерот Заев, на средбата се обратија и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собрание Талат Џафери, министрите за локална самоуправа и правда, Горан Милевски и Бојан Маричиќ, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, како и директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски.

фото и видео: Влада

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања