На самитот во Солун, премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев изјави:
– Мене ми е многу драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја, за конечно да го добие датумот за преговори. Премиерот ми образложи детално кои се неговите активности, кои се неговите планови, и како да ги направи да ни бидат од помош .
На самитот било разговарано за имплементација на Преспанскиот договор со позитивна и предвидена динамика.