Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Заев прими делегација на МПЦ-ОА предводена од архиепископот г.г. Стефан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
24092020_PVRSM_Sredba_MPC_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што ја предводеше г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ-ОА, придружуван од митрополитите г. Тимотеј и г. Климент.

Делегацијата на МПЦ-ОА на средбата изразија честитки за изборната победа и за новиот мандат на премиерот Заев, со желби за успешна работа во услови на мир на Владата на Северна Македонија и за реализација на програмските определби за кои гласаше мнозинството на народот во земјата.

— реклама —

На средбата, претставниците на Синодот на МПЦ-ОА искажаа благодарност за писмото упатено од премиерот до патријархот Вартоломеј и Цариградската патријаршија и ја поздравија оваа инцијатива како важна поддршка од Владата во процесот на обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА.

— реклама —

Премиерот Заев на средбата изрази подготвеност да го поттикне ангажирањето на институционалните капацитети за затворање на денационализацијата на имотите што припаѓаат на МПЦ-ОА, како и за конзерваторските проекти за заштита на црковното културно наследство, коишто се и приоритети на Министерството за култура.

— реклама —

На средбата со архиереите на МПЦ-ОА, премиерот Заев уште еднаш упати честитки по повод 1000-годинишнината од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, како еден од најважните црковни настани оваа година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања