Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заев прими делегација на Руската Федерација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
14112019_PVRSM_Zaev_delegacija-na-Ruskata-Federacija_sredba-2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација од учесниците на Бизнис Форумот меѓу претставници на деловната заедница од Северна Македонија и Руската Федерација, како и членовите на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу двете земји, која денеска и утре во Охрид, ја одржува 9. сесија.

— реклама —

На средбата во Владата,делегацијата на Руската Федерација ја предводеше заменик министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација Алексеј Груздев, придружуван од амбасадорот на РФ во нашата земја Сергеј Александрович Баздникин.

— реклама —

На средбата, на која присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и претседател на македонскиот дел од Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу двете земји Трајан Димковски,  премиерот Заев истакна дека односите меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација се традиционално пријателски и нив ги карактеризира позитивен дух, но и одреден неискористен потенцијал, кој треба да биде одредница за тоа во кој правец би требало да се движат односите во економската соработка во иднина.

— реклама —

„Особено радува фактот дека во дијалогот во Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, од оваа година е внесена нова динамика. Тоа е добра основа за продлабочување на соработката“, рече на средбата Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев.

— реклама —

Премиерот Заев додаде дека двете страни во комисијата се договориле освен досегашните области за соработка во енергетиката, транспортот, и земјоделството, соработката да се прошири и во други области, како и дека се согласиле да се формираат посебни работни групи за сите области на соработка, што најавува многу конкретна работа и ефикасно донесување одлуки од интерес на двете земји и на нашите граѓани.

Руската делегација од своја страна истакна дека преку институциите на Руската Федерација ќе биде преземена поактивна улога и ќе ги охрабри иницијативите како Бизнис Форумот што денес се одржува во Скопје, за подобро запознавање и за унапредување на соработката.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања