Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев: Прочистувањето во судството почнува сега, веднаш!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SDS_8463

Дел од судството и од обвинителството останаа последната тврдина на „заробената држава“. -истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев од трибината во Скопје.

Заев посочи дека наместо да се ослободат од сопствените окови, Сваровски судските  центри на моќ застанаа на патот на правдата,како последни упоришта на „заробената правда“.

— реклама —

Ова мора да престане веднаш! – истакна Зоран Заев.

Тој посочи дека овие институции мора да ја променат својата работа и да одговараат пред граѓаните за својата работа.

— реклама —

Тој ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш.

Го повика и  Судскиот Совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарувањето на предметите и целосно да ја провери професионалноста и ажурноста на работата на судиите.

Нам ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети! Го повикувам и судскиот совет да провери, кој ги држи предметите по фиоки, Правна држава мора да има во Република Северна Македонија - истакна Заев од трибината во Скопје.

— реклама —

Тој ја повика и  Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судските случаи за корупција и политички криминал.

Прочистувањето во судството е почнува сега, веднаш!

— реклама —

Прочистување на судиите и обвинителите мора да има, зашто правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. –рече Заев пред присутните граѓани во Скопје.

Му се допаѓало тоа некому или не. Последните бастиони на заробената држава ќе паднат.-истакна претседателот Заев од трибината „ На Прав Пат“ во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања