ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Првите вакцини доаѓаат во февруари, ќе се вакцинирам како пример, но предност имаат здравствените работници и хронично болните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vakcina-2

На прашањето за обезбедување на вакцините и тоа конкретно по месеци и количини, премиерот Заев вечерва во вестите на ТВ Сител посочи дека од Министерот за здравство добил потврда дека од компанијата „Фајзер“ пристигнуваат првите 5.850 во февруари, од вкупно 800.000 колку што е договорено, но и дека е возможно регистрирани вакцини од регистрирани компании и одобрени од Светската здравствена организација да пристигнат и порано.

— реклама —

„Ветено дека ќе добиеме одредени количини, тоа е европска солидарност, тие ги добија првите количини, а веќе стасуваат и вторите количини во најави. Само пет проценти ако споделат со Западен Балкан, заедно ќе одиме со Европската Унија со задоцнување од една недела или две зад нив“, рече премиерот Заев кој истакна дека е најважно да стигнат вакцините до граѓаните и дека Северна Македонија има средства да набави вакцина, од било која група.

„Важно е да стигнат на време. Затоа што најважно е да ги заштитиме медицинскиот персонал, час поскоро е добро тоа да се случи. Втората работа е психолошкиот ефект, ќе олабави малку грижата и тоа е важно за секојдневното психолошко функционирање на граѓаните и на економијата.

— реклама —

Имаме најави и со Кина за околу 200.000 вакцини за овој месец, но ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две во фаза на тестирање. Чекаме и од ЕУ од Ковакс механизмот, од кои 100 милиони вакцини се за Западен Балкан.

Премиерот Заев за најавите и точните бројки на вакцини кои ќе пристигнат од европските земји и нашите соседи, како Австрија, Полска, Бугарија, Грција, рече дека и тие добиле десет пати помали количини од најавените вакцини и изрази надеж дека динамиката на продукција и испорака на вакцини во следниот период ќе биде посоодветна од претходно најавената.

Тој посочи дека се прават напори и за обезбедување на вакцини и овој месец во јануари.

„Секако дека ќе се вакцинирам, но, без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните, јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа“, рече премиерот Заев кој додаде дека вакцинацијата ќе се врши најпрво кај медицинските работници, пензионерите, хронично болните, а потоа кај останатите граѓани.

Премиерот Заев најави дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за преку јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните и да се доближат до населението сите важни информации во врска со вакцинацијата за да се обезбеди масовна вакцинација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања