Заев, Рама, Вучиќ и Ѓукановиќ го посетија Драч - поддршка на семејствата што ги обновуваат своите домови од земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
21122019_PVRSM_Zaev_Drac1

Како израз на солидарноста со граѓаните на Албанија, и во знак на поддршка и духовна поткрепа на жителите на градовите и другите населени места што настрадаа од земјотресот на 26 ноември, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, утринава го посетија Драч.

— реклама —

Лидерите на Западен  Балкан, кои во Тирана пристигнаа на третата сесија од иницијативата за продлабочување на соработката во регионот, се сретнаа со дел од семејствата што сега ги обновуваат своите домови од трагичната катастрофа, и ја потврдија својата подготвеност да ја продолжат натамошната поддршка и помош во периодот на закрепнување од последиците од земјотресот.

— реклама —

— реклама —

Оваа посета на Драч воедно е и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофии вонредни состојби која ќе биде вклучена како уште една област за непосредна и блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан во документот за поинтензивна интеграција на регионот што ќе биде усвоен денеска во Тирана.

Северна Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи,  спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Владата на Република Северна Македонија издвои 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот.

фото: Влада

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања