„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев, Рама, Вучиќ: Овде не создаваме нова Југославија, туку отвораме план за успешен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
10112019_PVRSM_Sostanok_Lideri_od_Zapaden_Balkan_2

„Србија, Северна Македонија и Албанија имаат иницијатива со која ги канат останатите 6 земји да пристапат. Балканот се менува, кон подобро место за живеење и позначаен фактор на цел европски континент. Акцискиот план предвидува нон-стоп работење на граници, со лична карта движење низ регионот, брзи траки на камиони, со конечна цел голема мобилност на капиталот, стоките“, истакна домакинот на состанок на лидерите од Западен Балкан, Премиерот Зоран Заев.

— реклама —

„Отворивме иницијатива кој ќе создаде поинаков Балкан од оној кој го знаеме. Србија, Албанија и Северна Македонија ги повикуваат и другите земји да направиме што повеќе од она што го правиме во берлинскиот процес. Се со цел да имаме поголема пропустливост на границите, проток на капитал, роба. Се што правиме, е дополнителна вредност кон европските институции“, рече Заев.

„ Гледам Рама е под притисок… И мене во текот на изборите, домашната опозиција ме обвинуваше со тоа што го правам патот до Приштина дека правам пат за Голема Албанија, но сепак тие добија 11 пати помалку гласови од мене. Не знам, оваа иницијатива може некој ќе ни ја уништи и ќе пропадне, но таа дефинитивно носи подобар и покалитетен живот на нашите луѓе и компании. Овде нема создавање на нова Југославија“ , истакна Српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

Тој кажа дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на граѓаните од Србија, Северна Македонија и Албанија да патуваат само со лична карта. Како што  објасни Вучиќ, договорот ќе овозможи во случај кога исти инвеститори работат во Србија и Северна Мекедонија, ќе можат да разменуваат работници и инжењери.

Премиерот на Албанија Еди Рама, рече дека овие три земји посакува да бидат вклучени и Црна Гора, БИХ и Косово.

„Основна карактеристика на овој договор е што истиот е внатрешна желба, а не под патронат однадвор. Сакаме во Драч, на следната средба да ги видиме и Црна Гора и БИХ кои ќе сакаат да бидат дел од овој договор. А во процесот да биде вклучен и Косово рамноправно и на легални основи“, истакна, Рама.

На регионалната средба учествуваат и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

фото: Влада

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања