Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заев - Сасоли: Секоја друга одлука освен преговори за Северна Македонија ќе биде поттик за регресивни процеси во земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
16102019_PVRSM_Zaev_PEP_Sasoli_foto_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва се сретна со претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли.

На средбата, на која присуствуваа и заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, премиерот Заев на претседателот на ЕП Сасоли му изрази благодарност за значајната поддршка на парламентот и на европратениците кои во огромно мнозинство ја прифатија препораката на Европската Комисија, Северна Македонија безусловно да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

— реклама —

Премиерот Заев нагласи дека сѐ уште е оптимист дека одлуката за старт на преговорите сепак ќе биде донесена на самитот на претседатели и шефови на влади на земјите членки на ЕУ во текот на утрешниот ден.

— реклама —

Поинаков исход освен старт на преговори за Северна Македонија, како признание за остварените реформи и за сериозните политички одлуки на земјата како исполнување на препораките на ЕУ, ќе биде поттик за регресивните сили во земјата и обесхрабрувачки сигнал за другите земји во регионот во однос на нивните евроинтеграциски процеси, рече меѓу другото премиерот Заев на средбата со претседателот на Европскиот Парламент,Сасоли.

— реклама —

На оваа средба, претседателот на Европскиот Парламент, Сасоли го потврди речиси консензуалното одобрување на европратениците за преговори со Северна Македонија и потврди дека земјата е успешна приказна за Европската Унија, особено заради начинот на кој се решени прашањата со Грција и Бугарија.

Претседателот на Европскиот Парламент,Сасоли рече дека со овие пораки тој утре ќе се обрати и во Европскиот Совет и ќе побара да биде исполнето ветувањето за позитивна одлука за старт за преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

фото и видео: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања