Промени тема
Контакт

Заев: Се консултираме и со Грција, некои предлози од опозицијата се прифатливи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на втората од петте јавни дискусии за уставните измени.

Дискусијата ќе се одржи на универзитетот ФОН, каде говорници ќе бидат и ректорот на универзитетот Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Инаку вчера беше почетокот на јавната расправа организирана од владата.

„Се консултираме и со Грција, и некои предлози од опозицијата се прифатливи“, рече премиерот Зоран Заев.

— реклама —

Тој ги потенцираше предлозите на Панчо Минов за постепена примена, како и дел од предлозите на Илија Димовски за вметнување на уставот од 1991, но и предлози на албанската опозиција од алијансата на Албанците и БЕСА на Касами, изнесени на собраниските дискусии.

— реклама —

Дел од овие предлози се за примената дома на договорот, во преамбулата таму каде што се зборува за референдумот од 1991 година да биде вметнато и уставот на РМ, за граѓаните кои живеат во нејзините граници да стои “и граѓаните кои се дел од албанскиот народ…”, а исто така, важно е во делот на државјанството да се прецизира што е државјанство, а што етничка припадност, рече премиерот.

Заев на јавната дебата во владата потсети дека во нацрт амандманите се вградени предлози на осумтемина пратеници и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува договорот од преспа и протоколот за наше членство во НАТО.

— реклама —

На дебатата професорот Фрчкоски побара владата да нагласи дополнително три компоненти: дека не се загрозува граѓанскиот карактер на уставот, да се потенцираат идентитетските одредници и дека решенијата се во рамки на уставните стандарди и не се измислени само за нас, професорот Владо Поповски даде сугестија да се интервенира во преамбулата на уставот, која, според него, создава најмногу дискусии, сомневања и изговори. Во преамбулата, според Поповски, треба да стои „граѓани на Северна Македонија, македонски народ“,а нагласува и дека треба да стои и „граѓани кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, бошњачкиот и ромскиот народ, а не како што досега стоеше „граѓани кои живеат во нејзините граници“.

Поповски побара во преамбулата да стојат и решенијата од АСНОМ кои имаат конститутивно значење, а не да се употребува прогласот, бидејќи тој, според него, е само информација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања