„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев се обрати на Македонскиот енергетски форум: Вложуваме во енергетска независност и во еколошки извори на енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
23112020_PVRSM-Zaev_Makedonski-energetski-forum_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска го отвори третиот Македонски енергетски форум. Форумот годинава е во организација на ЗИП Институт, а во соработка со Владата на Северна Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Покрај премиерот Заев, на форумот се обратија и амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, амбасадорот на Норвешка, Н.Е. Јорн Јуџин Јелстад и Агим Селами, директор на ЗИП Институтот.

„Токму еден од приоритетните сектори на кои се фокусира Владата на среден и долг рок, е вложувањата во енергетскиот сектор. Нашите заложби се насочени кон зголемување на интересите на инвеститорите во енергетиката со понуда на алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции. Дополнително, нашите заложби се постепено преминување кон извори на чиста енергија преку примената на еколошките извори на енергија вода, сонце и ветер се со цел постепено намалување на употребата на јагленот како извор на енергија“, истакна меѓу другото премиерот Заев.

— реклама —

Според Заев во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.

„Во таа насока ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. Денес сакам да најавам неколку проекти на Владата во овој сегмент, како терминалот на течен природен гас во Александропулос, Грција за што е донесена одлука за формирање тимови за преговори. Сите инвестиции кои ги имаме од земјите членки на Европската Унија, почнувајќи од фотоволтаици, ветерните централи, и најава за сериозни инвестиции во хидроцентралната Чебрене. Искрено се надевам дека учеството во овие енергетски проекти ќе поттикне се повеќе сектори за развој на регионалната соработка“, истакна премиерот и додаде:

„Примена на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност се дел од рамките за реализација и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и правење на транзиција, праведна и инклузивна за сите“, истакна премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања